Во две средби на стартот од пролетниот дел на ОФС Велес идентичен резултат, победи од по 4:1

Петар Печков

Се одигра првото пролетно коло на Општинската фудбалска лига. Од три по распоред,  се одиграа два натпреври.ФК Младост дома загуби од ФК Врановци со 1:4 а во вториот натпревар со идентичен резултат во Градско победа за домаќинот ФК Локомотива над екипата на ФК Форца нова. Третата средба коај требаше да се одигра помеѓу ФК Бузалкова и ФК Чашка не се одигра, оти гостите не допатувале, не можеле да соберат фудбалери за натпреварот, кој со службени 3:0 го доби домаќинот. Во ова 10 коло слободни беа екипите на ФК Горски и ФК Тополка.

Пред почетокот на натпреварот во Градско, ОФС и ФФМ обезбедија по пет фудбалски топки за двете екипи,со кои игра и македонската фудбалска репрезентација. По исто толку топки ќе добијат сите екипи во Општинска фудбалска лига, кој се натпреваруваат во пролетниот дел од сезоната 2024/25.

Во следното коло играат ФК Горски – ФК Младост
ФК Форца нова – ФКТополка
ФК Чашка – ФК Врановци
Слободни се екипите на ФК Локомотива и ФК Бузалкова.

Се одигра и првиот ¼ финален натпревар од Општинскиот фудбалски Куп. На стадионот во Чашка ФК Горски го совлада ФК Врановци на пенали 3:4, откако во регуларните 90 минути, натпреварот  заврши нерешено 1.1. Победникот ФК Горски во полуфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот ФК Бузалкова- ФК Тополка. Останатите  четвртфинални двојки се   ФК Младост –ФК Форца нова и  ФК Локомотива – ФК Чашка

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати